Добредојдовте во Културниот центар на Иран
за Србија и Македонија

flag pins iran macedoniaБлагодарение на богатото наследство во сите домени на човековото творештво – уметноста, фолклорот, јазикот, религијата и филозофијата – иранската култура стекнала светска афирмација, која Културниот центар во Белград се труди да им ја претстави на граѓаните на Србија и Македонија. Иранската цивилизација спаѓа во редот на оние цивилизации кои во текот на своето повеќемилениумско траење создале една од најбрилијантните култури на светот.

Културниот центар на И.Р. Иран постои од 1990. година, кога почнало да се работи на промоцијата на иранско-исламската култура – во тоа време во југословенската, а сега во српската и македонската јавност.

Активностите на Културниот центар се движат во неколку основни правци: од издавачката дејност и организирањето на курсеви за учење на персиски јазик, преку одржувањето на филмски фестивали и организирањето на изложби и разни културни манифестации.

Подетално

За Иран

map

Иран е колевка на древната персиска цивилизација. Името Иран е изведено од праиранскиот збор Арианам со значење „земја на Аријците“, додека првите записи на кралот Ардашир I на средно-персиски јазик, на камениот релјеф Накш-е Рустам ги спомнуваат иранските народи под името Еран, односно Ариан на партскиот јазик.

Иран во светот бил познат под името Персија уште од 6. век п.н.е., па сè до 1935. година, а од 1959. година – Иран и Персија. Така името Иран воглавно се користело во службен административно-политички контекст, додека терминот Персија се користел во културно-историски контекст. По Исламската револуција во 1979. година, востановено е ново име – Исламска Република Иран, кое денес е во службена употреба.

Подетално

34-годишнина на
Исламската револуција
во Иран

khomeiniКон крајот на седумдесетите години на минатиот век, светот бил сведок на еден од најзначајните настани од дваесеттиот век: избивање на Исламската револуција во Иран и нејзиниот триумф.

Масовната побуна под водство на верскиот лидер во егзил, била насочена кон оборување на 25-вековната монархија. Како што се развивале настаните, станувало сè поочигледно дека се работи за револуција, и тоа во време и на место кајшто најмалку се очекувало. Револуционерниот замав се развил јако и незапирливо, скоро не давајќи им можност на странските и иранските набљудувачи да ги проценат распламтените случувања или да реагираат на нив.

Позадината на Исламската револуција, која избила во 1979. година во Иран, не може да се сфати додека не се сфатат факторите кои ја поттикнале и го навеле поголемиот дел од иранскиот народ (трговци, учени луѓе, студенти, свештени лица...) да застане под исламското знаме и да ги бара своите права.

Подетално

Пребарување

Facebook

Контакт

Незнаног јунака 8
11040 Белград, Србија

Tелефон: + (00) 381 11 3672 564
                        2660 386
Факс: + (00) 381 11 2666 980
   
E-mail: info@iran.rs
  nur@iran.rs
  persijski@iran.rs
   
Web: iran.rs
  mk.iran.rs
  me.iran.rs